Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот на Тенерифе и натаму надвор од контрола – продолжува евакуацијата на луѓе

/

пред 1170 дена

Сподели преку :

На Тенерифе претпладнево продолжи евакуацијата на луѓе од пет населени места, бидејќи пожарот на северниот дел од шпанскиот остров и натаму е надвор од контрола. Популарните туристички точки засега се безбедни, истакнаа официјални лица. Во текот на ноќта се влошија временски услови на островот – пораснаа температурите, опадна влажноста на воздухот и се засили ветрот.

Опожарена е површина од 5.000 хектари, додека 7.000 луѓе се досега евакуирани или „заглавени“ во нивните домови. Пожарот е еден од најкомплексните со кои се соочиле Канарските острови во последните 40 години, поради комбинација на топло, суво и ветровито време и непристапен терен.

Пожарот на Тенерифе изби во средата, во планинскиот национален парк во близина на вулканот Маунт Теиде кој е највисок врв во Шпанија.