Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот во Шенѓин се приближува до хотели и апартмани, жителите и туристите евакуирани

/

пред 814 дена

Сподели преку :

Ситуацијата со пожарот во познатото албанско летувалиште Шенѓин, кој беснее од пред неколку дена, се влоши во текот на ноќта, поради ширењето предизвикано од ветерот.

– И по интервенцијата со хеликоптер беше невозможно целосно да се изолираат пожарите, каде поради силниот ветер во текот на ноќта пожарот повторно се активираше во некои области на планината над Шенѓин, објавија медиумите.

Tие додаваат дека огнот се приближил до хотелите и апартманите во Рана е Хедун, а во меѓувреме жителите на областа, како и туристите, се евакуирани.

Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на Улцињ, е опколен со борова шума, а најпосетуван е од македонски, косовски, српски и полски туристи.