Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот во „Јасен“ сè уште го држи затворен патот Македонски Брод – Скопје

/

пред 425 дена

Сподели преку :

Регионалниот пат Македонски Брод – Скопје сè уште останува затворен за секаков вид на возила поради пожар во националниот парк „Јасен“, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Богородица“ времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Ангелов: Се уште е активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов во утринската изјава информира дека се уште е активен еден крак на пожарот во ловиштето Јасен.

  • За жал пожарот во ловиштето Јасен се уште не е изгаснат. Еден крак е се уште активен. Дождот што заврна во многу мала количина не го изгасна огнот. Овде дејкствуваме со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување бидејќи можам да забележам една жешка точка и горе високо над сртот, и од спротивната страна две жешки точки со чадење, изјави Ангелов.

Ангелов појасни дека се работи за екстремно стрмен терен и еден со зимзелена шума кадешто е исклучително ризично да се спуштат луѓе.

  • Нашиот фокус ќе биде со два „ер трактори“ коишто со полицискиот хеликоптер да дејствуваме на оваа точка. Ќе дадеме се од себе во текот на денешниот ден да го ставиме под целосна контрола и овој преостанат крак од пожарот, но веќе гледам дека горењето се засилува што само по себе подразбира дека во попладневните часови ќе имаме посилен оган, додаде Ангелов.