Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прашање за Ковачевски го погоди Битиќи – вицепремиерот напушти прес-конференција за „дали премиерот е подготвен да прифати претседател на држава од ДУИ“

/

пред 1086 дена

Сподели преку :

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја напушти заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, за време на новинарските прашања, откако претседателот на владата беше прашан од новинар на ТВ Алфа – „дали во случај на неуспешни претседателски избори, поради високиот цензус, е подготвен да прифати претседател на државата да биде од ДУИ“, со што, како што кажа новинарот, целата држава би била во рацете на ДУИ.

„Јас не треба да стојам на вакво прашање“, рече Битиќи кој стоеше зад премиерот и замина од прес-конференцијата.

„Прашањето беше апсолутно некоректно“, одговори Ковачевски, додавајќи дека има појава на еден популизам, кој во својата основа има етнонационализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам, рече Ковачевски.