Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) денеска ја посетуваат АР, по вчерашната контрола во АНБ, во врска со наводите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година.
Според информациите, мета на следење биле новинари, бизнисмени и актуелниот премиер Христијан Мицкоски, тогашен лидер на опозицијата.
Мицкоски побара одговорност и прекин на праксата, оценувајќи дека безбедносниот систем е злоупотребен од структури блиски до поранешната власт.
Од опозицијата бараат декласификација на документите, а директорот на АНБ, Бојан Христовски, изјави дека целата документација е предадена на Обвинителството, кое веќе спроведува предистражна постапка.











