Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Правда треба да одговори кој давал одобрение за предвремено полагање правосуден испит

/

пред 1421 дена

Сподели преку :

Министерството за правда треба да одговори која е комисијата што им овозможила на стотици студенти од универзитетот во ЈЕИ предвреме да полагаат правосуден испит иако за тоа не ги исполнувале условите.

Случај го отвори антикорупциска барајќи објаснување за Барлет Џафери, синот на собранискиот спикер, кој е еден од нив, но по извршен инспекциски надзор било утврдено дека тој не е единствен случај туку дека со ваквата пракса биле опфатени дури 437 студенти.

Но од правда до сега се правдаа дека не ги чувале старите документи за да може да проверат за колку вакви случаи станува збор. На ова реагираше дел од фелата. Нивниот став е дека недозволиво е за едно Министерство за правда документите да се чуваат само една година иако како што тврдат има механизми како може да се дојде до овие информации.

Синот на Џафери во декември треба да дипломира на Академијата за судии и јавни обвинители и се очекува да пополни некое од испразнетите места за судии или обвинители.