Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Празници пред врата, расправија во сала: Филипче и Мицкоски во последен дуел годинава

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Со новогодишната елка на неколку метри од собраниската говорница и на само една недела до празниците, пратениците за последен пат годинава се собраа на пратенички прашања. Празничната честитка дојде во вид на меѓусебни обвинувања и тоа на највисоко ниво од спротивставените табори.

Прв за прашување се јави лидерот на опозицијата Венко Филипче, кој ја искористи приликата да побара одговори од премиерот Христијан Мицкоски.

Претседателот на СДСМ рече дека нема да праша за мигрантите, за резолуцијата, за тендерите, за Алта банка и за загадувањето – затоа што вели дека не очекува одговор. Праша зошто нема стратегија во енергетскиот сектор и зошто поскапе струјата?

„Зошто сега мора да има поскапување на струјата за граѓаните, којашто ќе повлече и други поскапувања и раст на цените?! Како ја водите државава, како сме заглавени и очигледно сме го напуштиле патот на евроинтеграции, како немате намера ниту една политика да имплементирате – во контекстот на длабокото, знаете дека сум охриѓанец по потекло, ние знаеме каде се скока а каде не. Вие очигледно сте скокнале, како ќе испливате – вие мислете му ја“, вели Венко Филипче, претседател на СДСМ и пратеник. 

Во прашањето на Филипче, премиерот препозна „интересна ПР-стратегија“. За начинот на поставување на прашањето, Мицкоски иронично кажа дека наликува на „Левица од Али експрес“.

„Не знам зошто мене ми го поставувате ова прашање. Претпоставувам треба да му го поставите на Марко Бислимовски, чијшто брат сега ви е соработник во Извршниот одговор на СДСМ. Тоа што вие го оставивте како Влада во енергетскиот сектор – катаклизма е комплимент. Но, затоа оставивте зад себе стотици милионери, политички профитери и лешинари коишто се талогот на општеството. И жал ми е што вие се препознавте. Вие се чувствувате како талог?“, рече премиерот Мицкоски од собраниската говорница. 

На денешните пратенички прашања се отворија и други теми како проблемите во енергетскиот сектор, а пратениците од албанскиот-блок прашуваа за Законот за правична застапеност и добија одговор дека истиот е во процедура. Опозицијата побара одговори и за аерозагадувањето.

Премиерот Мицкоски во еден од одговорите, порача дека процедурата за избор на државниот обвинител во Собранието треба да заврши за два месеци. Обвинителот ќе треба да ја врати довербата во институцијата, да се зафати со темелна работа и вадење од фиока на кривичните пријави кои се неколку стотици на број, рече Мицкоски.

Покрај изборот на новиот обвинител, во 2026 се очекуваат и процедурите за Кривичниот законик како и новиот Изборен законик.

Петар Догов