Гласањето за руските претседателски избори закажани од 15 до 17 март веќе почна во најисточните делови од земјата.
Изборната комисија посети неколку изолирани области на полуостровот Камчатка каде што стигна со хеликоптер.
На ‘Ртот Кругли живее само еден гласач – чувар на светилник – со кој списокот се заокружи на 19 гласачи во регионот.
Актуелниот лидер на Русија Владимир Путин се бори по петти пат за претседателски мандат со кој се обидува да го продолжи своето владеење за уште шест години.











