Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Преговорите за влада на пауза, кадровските прашања за крај

/

пред 888 дена

Сподели преку :

Откако викендов ги договорија општите начела за соработка, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди, ќе продолжат со преговорите за влада во среда. Паузата е поради обврски на претседателите на партиите од албанската опозиција, кои треба да ги подготват своите барања.

Задоволни се од првата средба, за која велат дека била конструктивна, основните начела се договорени, а следно ќе работат на усогласување на програмите. Тврдат дека кадровските прашања ќе ги остават за крај.

Таравари потврди дека има заинтересирани пратеници од листите на партиите што ќе одат во опозиција, кои сакаат да преминат во победничкиот табор.

За зголемување на мнозинството преговара Мицкоски, кој на тој начин се обидува да ги зацврсне позициите на идната влада.

Постулатите врз кои ќе се гради соработката на владините партнери се евроинтеграциите, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Далиборка Демјанска Цветановска