Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прекин на огнот меѓу Израел и Сирија

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Сириското претседателство објави итен и сеопфатен прекин на огнот по неколкудневните судири во регионот претежно населен со Друзи, во кои, според локални извори, се убиени повеќе од 300 луѓе. Претседателството ги повика сите завојувани страни веднаш да се обврзат на прекин на огнот во сите делови на земјатa. Од друга страна борци на кланот се собраа во сирискиот главен град Дамаск за да ги поддржат бедуинските милитанти во нивните судири со вооружените фракции на Друзите во јужната покраина Свеида и покрај повиците за прекин на огнот. Поддржувачи и членови на бедуински групи се мобилизираа од други делови на Сирија за да се приклучат на борбата.

 –Ние, синовите на клановите, дојдовме да ги поддржиме со наша муниција, никој не ни даде муниција“, рече Тарад,  Изјави Мохамед Тарад

-Не сакаме да уништуваме, но ќе им ја покажеме на луѓето нашата милост пред да ја покажеме нашата сила против оние кои припаѓаат на групата Ал-Хиџри, изјави Тахер Ал Ахмад

Американскиот претставник во Сирија, Том Барак, изјави дека Израел и Сирија се согласиле на прекин на огнот по интервенцијата на Израел оваа недела меѓу сириските владини сили и ривалските вооружени групи. Сирискиот претседател пак Ахмед ал-Шара изјави дека ќе испрати војници назад за да ги смират борбите, кои оставија десетици илјади луѓе раселени.

-Во услови на сегашните немири, само сириската држава може  да го одржи својот суверенитет и достоинство на целата  своја територија. Им се заблагодаруваме на Турција,  САД и неколку арапски земји за нивните позитивни ставови  и поддршка за Сирија во оваа критична фаза, изјави . Сирискиот претседател пак Ахмед ал-Шара.

Судирите започнаа во неделата меѓу милициите на Друзите и локалните сунитски муслимански бедуински племиња во јужната сириска покраина Свеида. Владините сили интервенираа за да воспостават ред, но на крајот застанаа на страната на бедуините против Друзите.

  Кристина Кузмановски