Прекинат бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“, третоодделенецот до крајот на прво полугодие ќе следи онлајн настава. Се постигнал заклучок детето до крајот на првото полугодие да продолжи со онлајн настава со цел во меѓувреме да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението.
Учениците од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје го прекинаа бојкотот и од вторник се враќаат во редовна настава, информираат членови од Советот на родители. Денеска во училиштето бил присутен тим составен од страна на Центарот за социјални работи за разрешување и следење на состојбата со актуелниот проблем со третоодделенецот којшто имал насилно поведение.
Според одлуакта на претставниците на родителите, учениците во најголемотто училиште „Лазо Ангеловски“, во Ново Лисиче од вотрник ќе продолжат со редовна настава.











