Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиерот не ги коментира навредите на Данела, од Општина Гостивар и понудија бесплатни лекции по математика

/

пред 741 дена

Сподели преку :

Ова е одговорот на премиерот на вчерашните обвинувања од скопската градоначалничка која откако беше одбиена за сите 20 проекти со кои аплицираше за пари од унгарскиот кредит, не штедеше на навреди, а одлуката ја нарече резултат на „секташката ментална состојба на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски“.

Обвини и дека пари се доделени на задолжени општини, како гостиварската, за која тврди дека има долг од 108 милиони евра. Тие, пак, и` понудија бесплатна помош за изработка на проекти.

Мицкоски вчера изјави дека од Град Скопје се одбиени поради нецелосна документација, но и отстапување од условите на конкурсот. Обвини и дека аплицирале за набавка на автобуси и противпожарни возила, а 10 милиони евра кои владата им ги доделила за булевар, две години им стојат на сметка.

Незадоволни се и од ДУИ, чии две општини со кои раководат, Сарај и Теарце, не добија пари.

Најмногу пари, речиси 4 милиони евра, ќе добие Општина Куманово, за инфраструктурно уредување на зоната во Речица, изградба на гасоводни мрежи и атмосферска канализација. Општина Охрид, исто така, добила поддршка од владата за сите 10 проекти за кои аплицирала, а кои се наменети за патишта и водоводи. Центар ќе добие 1,5 милиони евра за реновирање на Спортската сала „Работнички“. Меѓу општините со албанско мнозинство, Чаир е водечки со доделени 2,7 милиони евра за седум проекти. Следуваат Гостивар со 2,6 милиони евра, Струга со 2,2 милиони евра, а Тетово ќе добие 1,3 милиони евра. Помошта за останатите општини се движи од 100.000 до 900.000 евра.

Далиборка Демјанска Цветановска