Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пренатрупани контејнери и смет кој не се селектира – вака изгледа градот Скопје

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Преполни контејнери ѓубре. Во некои од нив, пак, има место, но сметот е оставен надвор, веднаш до нив. Хартијата од омилената ужинка стои на клупите во парковите. Вака денеска изгледаше сликата во Општина Аеродром. Жителите сметаат дека овој проблем би бил решен со селектирање на отпадот.

„Отпадот е голем проблем во нашата држава и најдобро нешто би било селекција на отпад. Треба да се селектира да се знае што е стакло, пластика“, вели жител.

„Треба поголема свест. Ние сме луѓе што не сме склони кон селектирање на отпад и подалеку од својот нос не гледаме, ама мора да направиме нешто за наше добро“, вели граѓанка.

„Возможно е секако, а и потребно е да се воведе  селектирање  на отпад“, додава жител.

Додека граѓаните се гушат во својот смет, општината организираше настан за подигнување на јавната свест во насока на почиста животна средина. Жителите беа повикани да дојдат и да донесат стакло кое ќе го одложат во соодветен контејнер. Присутните на настанот добија торби со кои ќе можат да вршат селекција на отпад од пластика, лименки, хартија и стакло. Но, и да се крене свеста на поединците, отпадот пак завршува на едно место. Ниту Општина или градот Скопје нема стратегија, ниту систем за селекција на отпад.

Скопје не доби модернизација на депонијата „Дрисла“, односно изградба на фабрика за селектирање, обработка и рециклирање отпад.

Тамара Марковска