Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пресретнат руски напад со крстосувачки ракети над Киев

/

пред 793 дена

Сподели преку :

Русија утрово го нападнаа Киев со крстосувачки ракети, најверојатно Искандер-К, а проектилите се соборени на приодите кон градот, соопшти воената управа на Киев.

Руските сили го нападнаа Киев од север, се вели во соопштението и се додава дека ова е петти ракетен напад врз Киев овој месец, пренесува Укринформ.

Ракетите се уништени со средства за противвоздушна одбрана на приодите кон градот и во моментов нема информации за штета или евентуални жртви.

Во главниот град на Украина и во голем број источни и северни региони претходно беше објавена воздушна тревога поради опасност од ракетен напад.