Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Престрелка во Бит Пазар – едно лице загина, оштетени се објекти и возила

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Престрелката што денес се случи на улицата „Војдан Чернодрински“ во Бит Пазар заврши трагично. 31-годишен маж кој беше повреден во огнената размена им подлегна на повредите во Ургентиот центар.

Трагите од куршуми и оштетените објекти сведочат за жестоката пресметка. Полицијата ја затвори улицата и изврши увид на лице место.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека околу 14 часот било пријавено пукање од огнено оружје на улицата „Војдан Чернодрински“.  Полициските екипи излегле на терен и констатирале дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица. Едно лице е повредено и пренесено во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, соопштија од МВР.

Повредениот маж бил пренесен во Ургентниот центар при што им подлегнал на повредите.

На местото на настанот пронајдени се повеќе чаури. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите.

Тамара Марковска