Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пресуда за Фатон Љури за смртта на Југослав Николовски

/

пред 289 дена

Сподели преку :

Основниот кривичен суд за денеска најави исрекување пресудата за обвинетиот за смртта на пензионерот Југослав Николовски, Фатон Љури на кејот на Вардар.

Љури е обвинет дека на 1 јули управувал мотоцикл без возачка дозвола, ја прегазил жртвата на пешачката патека и го напуштил местото на несреќата, при што Николовски подоцна починал поради здобиените повреди.

Обвинителството оцени дека се работи за тешко кривично дело со висок степен на вина и побара казна која ќе обезбеди правична сатисфакција, превенција и заштита на јавниот интерес.

Одбраната достави дополнителни докази, повикувајќи се на личните и семејните околности на обвинетиот и психичките последици за неговата партнерка, како олеснителни околности.

Адвокатот Гоце Ристески истакна дека Љури изразил искрено жалење и потсети на претходната судска пракса, според која ваквите дела се казнуваат со затвор од 3,5 до 5 години.