Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено долж Повардарието.
Во Скопје облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 8°C, а максимумот од 13 до 18°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-3 Берово, 0 Скопје-Петровец, 1 Битола, Струмица, Крива Паланка, Попова Шапка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Лазарополе, 3 Штип, Демир Капија, Крушево, 4 Прилеп, Дојран, Виница, Маврови Анови, 5 Претор, 6 Тетово, 7 Охрид, Дебар.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]











