Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претежно облачно со повремени локални врнежи – Временска прогноза за 10.11.2025

/

пред 329 дена

Сподели преку :

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13°C, а максимумот од 12 до 17°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

2 Крушево, 5 Берово, Маврови Анови, 6 Крива Паланка, Лазарополе, 7 Прилеп, Битола, Тетово, 8 Скопје–Петровец, Претор, 9 Кавадарци, Велес Виница, Штип, 10 Куманово, Скопје–Зајчев Рид, 11 Гевгелија, Струмица.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

34 Охрид (до 19ч), 25 Гевгелија, 17 Пожар-Радовиш, Претор, 14 Крушево, 13 Штип, 11 Струмица, 10 Берово, 9 Битола, Виница, 7 Велес, 6 Крива Паланка, 5 Тетово, Кавадарци, Лазарополе, Пожаране, Попова Шапка, 4 Прилеп, Куманово, Тополчани, 3 Маврови Анови, 2 Ѓуриште, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје–Петровец.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.5, Преспанско Езеро 12.5, Дојранско Езеро 14.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]