Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне наместа нестабилно – Временска прогноза за 6.6.2023

/

пред 1221 дена

Сподели преку :

Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17°C, а максималната од 22 до 27°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

7 Попова Шапка, Лазарополе, 9 Берово, 10 Маврови Анови, Крушево, 11 Крива Паланка, Охрид, Дебар, 12 Претор, Битола, Прилеп, 13 Тетово, Струмица, 14 Виница, Куманово, 15 Скопје-Петровец, Скопје-З.Рид, Штип, Гевгелија, Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

17 Крива Паланка, 13 Виница, 4 Маврови Анови, 3 Попова Шапка, 2 Берово, Дебар, 1 Куманово, Пожаране.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/