Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен денеска пристигна во Киев за да разговара со Зеленски за европската поддршка, зимската подготвеност, и одбраната на земјата.
Вчера, таа објави дека над 160 милиони долари од приходите од замрзнатите руски средства ќе бидат доделени за решавање на итните хуманитарни потреби на Украина престојната зима.
Дополнително истакна дека ЕУ ќе и додели на Украина заем до 35 милијарди евра за да и помогне во војната со Русија.. Таа најави дека на разговорите во Киев ќе стане збор и за амбициите на Украина за пристапување кон ЕУ и за тоа како Комисијата може да ги поддржи овие напори.
Украина во пристапниот процес е во фазата на скрининг, кој, според Фон дер Лајен се одвива без проблеми.











