Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателката Сиљановска со порака пред Велигден: Празник на надежта, љубовта и духовната обнова

/

пред 183 дена

Сподели преку :

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, преку објава на социјалните мрежи упати порака по повод велигденските празници, нагласувајќи ја симболиката на традицијата и духовната димензија на празникот.

Таа истакна дека боите со кои се вапцаат велигденските јајца претставуваат израз на животот што победува и надежта што се обновува, додавајќи дека овој чин не е само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка.

Во пораката, Сиљановска-Давкова повика празникот да се дочека со достоинство, смирение и љубов, во исчекување на Христовото воскресение.