Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателот и потпретседателот на Иран водечки кандидати на претседателски избори

/

пред 870 дена

Сподели преку :

Истече рокот за регистрирање за кандидати за претседател во Иран. Иранскиот парламентарен спикер Мохамед Бакер Калибаф, и поранешениот потпретседател Ешак Јахангири   се последните кои денеска се регистрираа како кандидати за претседателските избори.

Досега се регистрираа 21 како  кандидати  за претседател меѓу кои и една жена   Зохре Елахијан која што е првата жена која што поднела кандидатура за претседател. Иран на 28 јуни ќе излезе на избори за да избере наследник на Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа на 19 мај

Конечната листа со кандидати за претседател  ќе биде објавена на 11 јуни , а сите потенцијални кандидатури мора да бидат одобрени од Советот на чувари на Револуцијата, 12-члено тело составено од адвокати и истакнати верски водачи надгледувано од иранскиот врховен водач, Али Хамнеи.

Калибаф (62)  во минатото три пати се кандидираше за претседател — во 2005, 2013 и 2017 година. Тој се повлече во 2017 година во корист на Раиси, кој заврши на второто место по умерениот тогашен актуелен претседател Хасан Рохани.

Калибаф служеше како командант на иранскиот тврдокорен корпус на Исламската револуционерна гарда од 1997 до 2000 година, како началник на иранската полиција од 2000 до 2005 година и како градоначалник на Техеран од 2005 до 2017 година.

Тој беше обвинет од многу критичари за насилно задушување на антивладините демонстранти во 2003 година.

“Ќе се кандидирам (за претседател) за да привлечам гласови од Иранците кои бараат подобар живот, отстранување на санкциите, способни менаџери, обемен и одржлив развој, процутена економија и помала нееднаквост“, изјави поранешниот потпретседател Ешак Јахангири.

Изборите се одржуваат во време на зголемени тензии меѓу Иран и Западот поради брзо напредувачката нуклеарна програма на Техеран и  неговото вооружување на Русија во војната  против Украина .

Во меѓувреме, поддршката на Иран на прокси силите на милитантите  низ  Блискиот  Исток е во зголемен фокус додека јеменските бунтовници Хути напаѓаат бродови во Црвеното Море поради војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.