Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претставниците на помалите заедници во Топ Тема: Не бараме вработувања, туку да не бидеме веќе дел од графата „други“ во Македонскиот устав

/

пред 1286 дена

Сподели преку :

Претставниците на Хрватите, Торбешите, Црногорците и Египќаните во вечерашната Топ Тема порачаа дека тие бараат да бидат впишани во Уставот на државата, не заради добивање некакви привилегии или вработувања во државната администрација преку етнички клуч, туку како желба повеќе да не бидат дел од графата „други“ во највисокиот правен акт.

Мирољуб Орландиќ, од Матица Црногорска во Македонија; Ненад Живковиќ од Заедницата на Хрватите; Рубин Земон од Сојузот на балкански Египќани и Рејхан Дурмиши од Културно-научниот центар „Торбешки мост“, подвлекоа дека припадниците на нивната национална заедница ја чувствуваат Македонија како своја држава, но сакаат покрај индивидуалните права, да ги уживаат и колективните права, преку внесување во преамбулата на Уставот, да бидат гарантирани нивните колективни права и да не бидат дискриминирани.