Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Принудно слетување без повредени – авион со 170 патници безбедно се спушти во нива во Русија

/

пред 1145 дена

Сподели преку :

Патнички авион кој леташе на релација Сочи – Омск во Русија, принудно слета во нива во областа Новосибирск. Никој од 170 патници, меѓу кои имаше 23 деца, и членови на екипажот не беше повреден при операцијата на принудно слетување.

„Сите патници беа евакуирани. Никој не е повреден. Немаше оштетување, ниту уништување на авионот, на зградата, ниту на структури на земјата“, соопштија од Државната управа за итни ситуации за регионот на Новосибирск.

Руското обвинителство почна истрага за причините за принудното слетување на авионот на компанијата „Урал Ерлајнс“.