Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приштина да ја преиспита одлуката за укинување на српскиот динар, порачува Стејт департментот

/

пред 1005 дена

Сподели преку :

Американскиот Стејт департмент ја повика Приштина да ја преиспитаат одлуката за укинување на српскиот динар како платежно средство, објавија српските медиуми.

Ја повикуваме Владата на Косово да ја разгледа одлуката, да се консултира со засегнатите заедници, да одговори на загриженоста изразена од меѓународната заедница и да обезбеди доволно време за спроведување на нејзините одлуки, со цел да се ублажи влијанието што овие одлуки ќе го имаат врз граѓаните, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Исто така се истакнува загриженост на САД за регулирањето на Централната банка на Косово, како и оти Србија има право да обезбеди финансиска помош за припадниците на српската заедница на Косово.

Загрижени сме дека декретот усвоен на 27 декември ќе има негативно влијание врз етничката српска заедница во Косово, се додава во соопштението Стејт департментот и го потсетува косовскиот премиер Албин Курти за преземените правно обврзувачките обврски, меѓу кои и формирање на Заедницата на српските општини.