Вишиот суд во Белград одреди притвор за неколку лица кои беа обвинети за немири на протестот на 24 декември пред градското собрание на Белград, одржан поради обвинувања за изборна кражба.
На некои обвинети им е изречена забрана за напуштање на местото на живеење.
На протестот на 24 декември полицијата се судри со дел од демонстрантите. Некои маскирани лица го нападнале градското собрание, додека полицијата која беше во внатрешноста на зградата, кон нив фрлала солзавец и бибер спреј.
Судот им одредил притвор на пет обвинети, кој според сегашното решение на судот не може да трае пдоолго од 30 дена, се вели во соопштението од Вишиот суд.











