Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притвор за возачот кој возел дрогиран и усмрти моторџија на Пластичарска

/

пред 126 дена

Сподели преку :

Триесет дена во притвор му даде Кривичниот суд на возачот кој ја предизвика сообраќајката на Пластичарска улица во која загина млад моторџија. Судот го прифати предлогот на јавното обвинителство кое отвори истрага против 31-годишниот возач на аудито А4 кој ја предизвика несреќата. Откако обвинителството отвори истрага за него, побара и притвор, бидејќи се сомневаше дека може да избега или да го повтори делото. Она што го утврди од увидот и првичните докази е дека возачот возел дрогиран и спротивно на сообраќајните правила поминал на две полни ленти.

„Бидејќи не се придржувал кон прописите, осомничениот свесно го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл БМВ, додека во задниот дел на неговиот автомобил удрил мотоцикл „Хонда ХДВ“ кои доаѓале од спротивна насока и се движеле паралелно. Од силината на ударот, оштетениот кој управувал со мотоциклот БМВ, се здобил со тешки телесни повреди од кои починал“, соопшти Јавното обвинителство. 

Несреќата се случи во петокот вечер и во неа загина 19-годишно момче кое возело мотор марка БМВ. „Аудито“ му го пресекло патот, па моторот директно удрил во него. Веднаш, само после неколку секунди, во задниот дел од возилото удира уште еден мотор „Хонда“ кој го возел 21-годишно момче. Според објавените снимки од безбедносните камери и двајцата не носеле кациги, а се движат и со голема брзина. Во близина на местото на несреќата има и камери на „Сејф сити“ кои ја мерат брзината на движење на возилата.

Министерството за внатрешни работи тврди дека откако функционира овој систем, бројот на сообраќајни незгоди е намален за 10 до 20 проценти. Граѓаните, пак, кои имаат дуќани на Пластичарска, но и возачите и пешаците, вчера за Телма тврдеа дека мора да се обнови патната сигнализација. И покрај тоа што на местото има означено пешачки премин и две полни линии, тие се избледени и ретко кој може да ги забележи, велат тие.

Билјана Николовска Тодорова