Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приватен автобуски превоз само од попладневните часови – приватниците бараат зголемување на цената по изминат километар

/

пред 763 дена

Сподели преку :

Автобускиот превоз во главниот град проблем кој се уште е заглавен низ лавиринтите во градското собрание. Додека се чека да се најде решение и да почне јавниот превоз нормално да функционира, граѓаните повторно останаа да чекаат по автобуските постојки. Утринава со нив друштво им правеа и група кучиња.

Приватните превозници доцна синоќа одржаа состанок, а според информации на Телма одлучиле од денеска да не сообраќаат по редовните линии, само во попладневните часови. Велат дека нема да отстапат од своите барања и се додека нема одговор ќе останат делумно паркирани. Апелираат претседателот на совет да ја стави на дневен ред иницијативата за покачување на цената од изминат километар, а советниците да ја поддржат за да може да функционираат..

Инаку вчера претседателот на совет за Телма кажа дека ќе се дискутира само по предлог на градоначалник, но таква одлука немало. Од град Скопје пак, го обвинија Славевски дека одбил иницијативата да ја стави на разгледување пред советниците.

„Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ. Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех“, велат од град Скопје.

Советничката од редовите на алијанса за албанците поднесе иницијатива за зголемување на цената по изминат километар на приватните превозници и очекуваше таа да се најде на дневен ред на вчерашната седница. Но како што тврдеше ја одбиле со образложение дека било доцна доставена. Тоа предизвика револт кај приватниците по што одлучија да прекинат делумно со работа.

Симона Петровска

Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само трета смена