Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приватните превозници одлучија дека само средба со надлежните е решение за проблемот со јавниот превоз во главниот град

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Само средба со надлежните е решение за проблемот со јавниот превоз во главниот град. Ова го одлучија приватните превозници откако нивното ветување за зголемување на цената по изминат километар не стигна до гласање.

По нивниот состанок викендов одлучија да продолжат редуцирано и да возат само во попладневните часови. Иницијативата беше клучна за приватниците да се вратат на работа.

Пред еден месец советничката на алијанса за албанците поднесе иницијатива за зголемување на цената по изминат километар. Еден месец подоцна побара повлекување од дневен ред за да се доработи. Додека надлежните во обид да го решат проблемот со јавниот превоз, граѓаните секојдневно мака мачат да стигнат до своите дестинации.

Се жалат на редуцирани автобуси и метеж во нив. На последната градска седница советниците изгласаа донација од шест нови автобуси, но не и еко автобуси. Новите возила според дел од советниците би требало да стигнат до средината на овој месец.

Симона Петровска