Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен возачот кој усмрти велосипедист во Скопје и го напушти местото на несреќата

/

пред 340 дена

Сподели преку :

Приведен е возачот кој денеска удри велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и кој по несреќата го напушти местото на настанот, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР). Се работи за Х.К. (37), кој со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удри во велосипед управуван од Ј.Ќ. (78) од Скопје.

„Денеска во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К. (37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ. (78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода“, информира МВР.

По документирање на случајот против  Х.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.