Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени 343 лица – протести во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул

/

пред 576 дена

Сподели преку :

Турските власти привеле 343 лица на синоќешните протести во повеќе градови по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесува агенцијата ДПА.

Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведувањата се направени за да се спречат „нарушувања на јавниот ред“ и предупреди дека властите нема да толерираат „хаос и провокации“.

Десетици илјади Турци учествуваат во главно мирни демонстрации од средата, кога Имамоглу беше приведен под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, заедно со уште 103 други осомничени.

Имамоглу се смета и за сигурен кандидат на Народна републиканска партија (НРП) за претседателските избори во 2028 година. Опозициската партија негираше какви било злоупотреби од Имамоглу и го оцени случајот како политички мотивиран, повикувајќи на мирни протести и покрај забраната на властите за одржување јавни собири.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја и министерот за правда Јилмаз Тунч го осудија повикот за протести и го опишаа како „неодговорен“. Јерликаја ги обвини демонстрантите дека сакаат да „го нарушат јавниот ред и да предизвикаат хаос“.

Имамоглу, пак, ги пофали протестите за кои рече дека се насочени кон заштита на „демократијата“. Се очекува тој денеска да даде исказ во полицијата во Истанбул каде што е задржан од средата, а потоа да биде изведен пред суд.

Ако Имамоглу биде осуден за тероризам, турскиот закон им дозволува на властите да го заменат на градоналничкото место со свој функционер.