Во текот на утринските часови приведени се 54 лица поврзани со дрога. Рациите беа координирани од страна на Дирекцијата за борба против мафијата во Реџо, Калабрија во Италија, предводена од Џузепе Ломбардо.
Опширните истраги се спроведени помеѓу 2021 и 2024 година, кога се откриени две различни криминални организации. Едната организација специјализирана за малопродажба на дрога низ Реџо Калабрија, Вила Сан Џовани и Џоја Тауро. Другата организација со фокус на увоз на значителни количини кокаин, хашиш и марихуана од различни меѓународни локации, вклучувајќи ги Еквадор, Шпанија, Германија, Холандија и Белгија. Акциите се спроведувале на пристаништето Џоја Тауро кое било стратешки центар за овие нелегални активности.
Во текот на истрагите, агенциите за борба против мафијата, вклучително и државната полиција, Гвардија ди Финанца и Карабинерите користеле напредна технологија која им помогнала во прибирање на докази.











