Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени четири лица, кривична пријава за грчки државјанин – МВР го расчисти убиството во Виница

/

пред 192 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопшти дека е расчистено убиството во Виница и поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин. Приведени се вкупно четири лица.

„Во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата“, информира МВР.

Приведени се И.Л. (24), Г.П. (80), С.Р. (55) сите од Грција и С.З. (57) од битолското село Жабени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека соодветни пријави ќе бидат поднесени против сите инволвирани.

Безживотното тело на 56-годишниот Д.А. беше пронајдено вчера во близина на градските гробишта во Виница.