Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведени пет лица на возраст од 19 до 32 години – групна тепачка во кумановски „Гарнизон“

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Кумановската полиција приведе пет лица на возраст од 19 до 32 години заради тепачка во угостителски обејкт во кумановски „Гарнизон“, соопшти денеска СВР Куманово.

„Денеска во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.А. (26), Х.Р. (21), З.Е. (22), А.Р. (32) и Ш.Ш. (19) сите од Куманово, затоа што во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово физички нападнале неколку лица и оштетиле инвентар во објектот“, соопшти полицијата.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.