Новата штипска Клиничка болница ќе се гради наредната година со 160 милиони денари, од кои 82 милиони од буџетот, а останатите над 60 милиони преку заем, но од Министерството за здравството не посочуваат дали заемот е обезбеден или дополнително ќе се бара. Изградбата тече, но не и со засилена динамика.
Одржан е состанок со новите сопственици на иведувачот на Клиничка болница во Штип каде од нивна страна се преземани конкретни обврски во насока на реализација на овој проект. Во новиот Буџет за изградба на болницата се планирани 85 милиони денари и дополнителни 72 милиони денари пари од заем, велат од Министерството за здравство.
Доколку Владата и наредните години ги издвојува истите средства за овој објект, во тој случај таа би била изградена во 2025 или 2026 година. За овој капитален проект да се изгради потребни беа уште 14 милиони евра, од кои над два милиони се издвоени за тековната година. Болницата која со години ја чекаат околу 300.000 пациенти од два региони не е изградена ниту до полвина. Градежните работи на терен се завршени до 40 %.
Работите за изградба на новата Клиничка болница во Штип се одвиваат во континуитет и се прави напор да се интензивира динамиката. До сега се реализирани 40% од градежните активности на терен, велат од Министерство за здравство.
Пред еден месец со посредништво на штипскиот градоначалник грчки Интракат и штипски Бетон направија восудски договор со кој се откочи прокетот за изградба на болницата. Бетон по тригодишниот судски спор се откажа од каматите и прифати долгот да се исплаќа на рати.
Викторија Димитрова Јованова











