Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува јавната расправа за Предлог-законот за игрите на среќа

/

пред 108 дена

Сподели преку :

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, во рамките на редовната седница. Целта на расправата е разгледување на законските решенија пред нивно понатамошно усвојување.

Со предложениот закон се предвидува зајакнување на контролата во областа на игрите на среќа, спречување на сивата економија и заштита на учесниците, особено на младата популација. Дополнително, се нагласува потребата од зголемување на довербата и сигурноста во овој сектор.

Законот опфаќа и нова класификација на игрите, построги правила за лиценцирање и контрола, како и прецизирање на управните постапки и намената на приходите од приредувањето на игрите на среќа и забавните игри.