Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето против Раде Трајковски Штекли

/

пред 382 дена

Сподели преку :

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето против Раде Трајковски Штекли, со сведочење на вториот вештак предложен од обвинителството.

Клучно прашање е дали обвинетиот е психички способен да ја следи судската постапка.

Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи вештаците на обвинителството и одбраната пред да одлучи дали ќе прифати едно од вештачењата или ќе се нареди ново.

Според психијатриското вештачење на одбраната, изготвено од д-р Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, Трајковски е психотичен, со шизофрени карактеристики.

Вештачењето укажува дека обвинетиот верува во реинкарнација и тврди дека има имагинарен учител кој му дава насоки за однесување, што, според одбраната, го прави неспособен за учество во судскиот процес.

Судењето ќе продолжи по сослушување на сите вештаци.