Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето за случајот „Онкологија“

/

пред 237 дена

Сподели преку :

Денеска во кривичниот суд треба да продолжу судењето за случајот онкологија во кој првообвинет е поранешниот директор Нино Васев и уште двајца негови колеги.

Во тек е доказна постапка, а покрај овој предмет, против Васев и поранешниот економски директор се води и одделен процес познат како „Онкологија 2“.

На претходното рочиште изказ даваше словенечкиот вештак Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор.

Таа сведочеше дека кај најголем дел од анализираните пациенти била применета несоодветна терапија. Изработила наод за 51 медицинско досие и наведе дека во одредени случаи биле давани лекови што не одговарале на конкретниот тип карцином, што довело до влошување на состојбата и прогресија на болеста.

Според Равник, кај дел од пациентите била воведена имунотерапија без претходна молекуларна анализа, а имало и примери на хемотерапија во крајна фаза на болеста.

Таа нагласи дека во онкологијата е клучно да се потврди активната форма на болеста преку биопсија и дополнителни испитувања, со цел правилен избор на терапија.

Одбраната на првообвинетиот Нино Васев реагираше дека методологијата на вештачењето е спротивна на медицинските и правните принципи и дека мора да се темели на националните протоколи.