Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“

/

пред 311 дена

Сподели преку :

Во Кривичниот суд во Идризово денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени.

Обвинетите – 35 лица и три фирми – ќе се изјаснат дали се чувствуваат виновни за тешките дела против општата сигурност што им се ставаат на товар.

Меѓу обвинетите се сопствениците и управителите на дискотеката, лица од обезбедувањето, инспектори, локални функционери и поранешни министри, за кои обвинителството тврди дека со години прекршувале безбедносни правила, дозволувајќи услови кои довеле до катастрофалниот пожар.

По изјаснувањето ќе следуваат воведните говори на одбраната, со можност тие да продолжат и на следните рочишта поради големиот број бранители.

Обвинителството останува на ставот дека пожарот е резултат на „низа од пропусти“ и „бескрупулозност“, додека одбраната најавува силни приговори на интегрираното обвинение.