Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат смртоносните експлозии над Газа

/

пред 417 дена

Сподели преку :

Продолжија смротоносните експлозии на неботото над Газа. Претходно Израел ја погоди една од главните болници во Појасот Газа при што загинаа над 20 лица меѓу кои и пет новинари соопштија локалните здравствени работници.

Ова се смета за еден од најсмртоносните израелски напади во текот на 22 месечната војна.

Нападот доаѓа по најавата на  Израел дека ќе ја  прошири својата офанзива ветувајќи дека ќе го уништи Хамас по нападот на 7 октомври 2023 година.

Меѓу загинати се пет новинари, вклучувајќи ја и 33-годишната Маријам Дага, визуелна новинарка која работеше како фриленсер за Асошиејтед Прес и други новински агенции за време на војната.

Во меѓувреме, болницата Ал-Авда соопшти дека во израелски напад се убиени шест баратели на помош кои се обидувале да стигнат до точка за дистрибуција во централна Газа, а уште 15 се ранети. Министерството за здравство во неделата соопшти дека најмалку 62.686 Палестинци досега се убиени во војната.