Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на Голема кашлица на територијата на Град Скопје. Алармот на инфектолозите го вклучи 18-от случај, односно четиригодишното девојче кое е хоспитализирано на детската Клиника.
Таа е во добра здравствена состојба и со примени две дози на вакцина. Комисијата за заразни болести бара забрана за невакцинирани деца да одат во градинка.











