Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промена на временската состојба – Временска прогноза за 29.9.2024

/

пред 738 дена

Сподели преку :

Подрачјето на Македонија од ноќеска потпаѓа под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, со што ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч) кој ќе продолжи и во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали (во недела за 6 до 8, а во понеделник за уште дополнителни 4 до 6 степени).

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18°C, а максималната од 20 до 27°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

7 Берово, 8 Лазарополе, 9 Битола, 11 Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови Струмица, Дебар, 12 Скопје-Петровец, Куманово, Охрид, Претор, Прилеп, Попова Шапка, 13 Велес, Штип, Демир Капија, 14 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Кавадарци, Гевгелија, 15 Виница.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 18, Преспанско Езеро 17.5, Дојранско Езеро 24.5.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/