Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Временска прогноза за 16.6.2023

/

пред 1211 дена

Сподели преку :

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 17°C, а максималната од 22 до 27°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

9 Лазарополе, Попова Шапка, 11 Маврови Анови, 12 Крива Паланка, 13 Крушево,14 Берово, Претор, Дебар, 15 Битола, Охрид, Прилеп, 16 Скопје-Петровец, Тетово, Виница, Велес, Куманово, 17 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Штип, Струмица, 18 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

20 Тополчани, 19 Попова Шапка, 14 Тетово, 10 Маврови Анови, Пожаране, 9 Крушево, 8 Берово, Крива Паланка, Ѓуриште, 4 Скопје-Зајчев Рид, 3 Скопје-Петровец, Штип, Претор, 2 Битола, Виница, Прилеп, Куманово, 1 Охрид, Струмица, Дебар.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/