Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 12.6.2023

/

пред 1214 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Во поголемиот дел од земјата и особено во северните делови врнежите ќе бидат пообилни и за кратко време ќе наврнуваат и 20 л/м².

Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 17°C, а максималната од 19 до 26°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

8 Попова Шапка, 9 Лазарополе, 10 Берово, Маврови Анови, 11 Крива Паланка, Крушево, 13 Битола, 14 Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Виница, 15 Скопје-Петровец, Штип, Куманово, 17 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, Дојран, Велес, 18 Кавадарци, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

17 Пожаране, 13 Прилеп, 9 Тополчани, 8 Крушево, 7 Гевгелија, 6 Струмица, 4 Попова Шапка, 3 Берово, 2 Тетово, Виница, 1 Крива Паланка, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/