Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 31.8.2024

/

пред 767 дена

Сподели преку :

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20°C, а максималната од 26 до 33°C.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 6.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

10 Лазарополе, 11 Берово, 12 Маврови Анови, 13 Битола, Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 15 Охрид, Струмица, Крушево, Претор, Тетово, Прилеп, 17 Скопје-Петровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Штип, 18 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Гевгелија, 19 Велес.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

10 Тополчани, 8 Маврови Анови, 6 Гевгелија, 5 Крива Паланка, 4 Лазарополе, 3 Кавадарци, Попова Шапка, 1 Прилеп, Струмица, Тетово.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 22.0, Дојранско Езеро 26.2.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/