Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

/

пред 878 дена

Сподели преку :

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 10°C, а максималната од 19 до 26°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

2 Попова Шапка, 5 Маврови Анови, Лазарополе, Берово, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, 9 Охрид, Претор, Куманово, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, Виница, 11 Битола, Струмица, Демир Капија, Тетово, 12 Скопје-Зајчев Рид Кавадарци, Гевгелија, Дојран, 13 Велес.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

6 Гевгелија, 1 Попова Шапка, Крушево , Демир Капија.

Забелешка: Количините на врнежи се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 12.5, Дојранско Езеро 23.5.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/