Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи – Временска прогноза за 14.6.2023

/

пред 1213 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15°C, а максималната од 22 до 28°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

8 Попова Шапка, 9 Лазарополе, 11 Маврови Анови, Крушево, 12 Берово, Претор, 13 Крива Паланка, Охрид, 14 Прилеп, Виница, 15 Тетово, Дебар, Битола, 16 Велес, Кавадарци, Куманово, Дојран, Струмица, Штип, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 17 Скопје-Петровец.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

52 Прилеп, 37 Ѓуриште 31 Крушево, 18 Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 12 Берово, 10 Куманово, Тетово, Пожаране, 8 Дебар, Маврови Анови, 6 Скопје-Петровец, Виница, 5 Штип, Д. Капија, Скопје – Зајчев Рид, Охрид, 4 Претор, 1 Дојран, Битола, Струмица.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/