Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, од пладне нестабилно – Временска прогноза за 29.5.2023

/

пред 1228 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15°C, а максималната од 21 до 28°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

6 Лазарополе, 7 Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Крушево, 10 Берово, Битола, Охрид, 11 Тетово, Струмица, 12 Скопје-Петровец, Претор, 13 Крива Паланка, Демир Капија, 14 Прилеп, Куманово, Штип, 15 Скопје-Зајчев Рид, 16 Виница, 17 Гевгелија, 18 Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

10 Охрид, 5 Струмица, 4 Дојран, 3 Маврови Анови, 2 Битола, 1 Гевгелија, Пожаране.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/