Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Умерено до значително облачно, особено попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд – Временска прогноза за 16.4.2023

/

пред 1272 дена

Сподели преку :

Умерено до значително облачно, наутро понекаде во западните делови со појава на дожд, а попладне и во вечерните часови со локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд кој ќе продолжи и во ноќните часови.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10°C, а максимумот од 14 до 20°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-2 Попова Шапка, -1 Берово, 1 Крушево, 2 Битола, Маврови Анови, Крива Паланка, Лазарополе, Скопје-Петровец, 3 Струмица, Гевгелија, 4 Демир Капија, Штип, Претор, Тетово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 6 Охрид, 7 Дебар.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

11 Претор, 9 Крива Паланка, 7 Маврови Анови, 6 Охрид, 5 Прилеп, Струмица, Демир Капија, Берово, Крушево, Лазарополе, Ѓуриште, 4 Битола, 3 Тетово, Пожаране, Штип, Гевгелија, Тополчани, 2 Виница, Попова Шапка, 1 Скопје Зајчев Рид.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/