Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно со повремени локални врнежи, попладне сонце – Временска прогноза за 28.10.2025

/

пред 342 дена

Сподели преку :

Променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Попладне ќе настапи стабилизирање со сонце. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Попладне сончево. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9°C, а максимумот од 11 до 17°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

3 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, 8 Струмица, 9 Берово, Крива Паланка, 10 Куманово, Тетово, Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Гевгелија, Велес, Штип, Кавадарци, 11 Прилеп, Претор, Виница, Охрид, 12 Демир Капија, Битола.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

86 Попова Шапка, 57 Крива Паланка, 55 Маврови Анови, 43 Лазарополе, Тетово, 38 Куманово, 37 Скопје – Петровец, 33 Скопје – Зајчев Рид, 31 Ѓуриште, 28 Виница,  21 Велес, 20 Штип, Крушево, 9 Кавадарци, 8 Прилеп, 7 Демир Капија, 6 Берово, Битола, 5 Претор, 4 Гевгелија, 2 Струмица.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 15.0, Дојранско Езеро 14.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]